ФОТО: Маслото за јадење достигна рекордна цена од 163 денари
Килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот, кој на полиците во маркетите се продава за 43 денари.
Откако Владата ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи, цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди.
Заклучно со вчера, маржите во малопродажба беа ограничени на 5 отсто кај лебот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи. Одлуката почна да се применува од 1 март 2022 година, а траеше до вчера, 31 мај.
Целта беше, како што објасни тогаш министерот за економија Крешник Бектеши, да се ограничи растот на цените во следните три месеци.
Tака, од денеска, маслото за јадење кое вчера беше 135 денари денеска достигна цена од 163 денари.
Килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот, кој на полиците во маркетите се продава за 43 денари.
Во зависност од тоа каков леб купувате, цените се зголеми меѓу 6 и 9 денари.https://www.slobodenpecat.mk/foto-zejtinot-dostigna-rekordna-cena-od-163-denari/