fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Кој плати над 400 илјади евра за 10 отсто од акциите во битолски „Фустеларко Борец“

Најголем сопственик во компанијата е трговското друштво Мал петропол Петковска Татјана, која поседува 40,15 отсто од акциите, следува трговското друштво Јан Комерц со 16,7 отсто од акциите, потоа 13,5 отсто има 6 мај Сашо Доел и околу 8 отсто располага душтвото Миском.

Компанија од Битола доживеа значајна акционерска промена, кога преку берзанска блок трансакција беа истргувни над 10 проценти од акциите.

Станува збор за „Фустеларко Борец“, чија основна дејност е изработка на амбалажни кутии од картон за комецијално пакување на производите од тутунската, прехранбената, хемиската, текстилната, фармацевстката, и други индустрии, како и козметичките производи.

Преку берзанска блок трансакција беа продадени 8.200 обични акции на „Фустеларко“ Борец, а со оглед што компанијата има издадено вкупно 71.709 акции, тоа значи дека се продадени и купени во еден момент 10,27 проценти од акциите.

Целата зделка тежи точно 410 илјади евра, а секоја акција се продала по цена од 3.075 денари за акција.

Најголем сопственик во компанијата е трговското друштво Мал петропол Петковска Татјана, која поседува 40,15 отсто од акциите, следува трговското друштво Јан Комерц со 16,7 отсто од акциите, потоа 13,5 отсто има 6 мај Сашо Доел и околу 8 отсто располага душтвото Миском.

Не се знае каде меѓу овие сопственици настанала купопродажбата на акциите, или во игра влегува „некој трет“, објави  https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close