Поради високите температури се забранува движење на камиони
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Што се однесува до забраната за тешки товарни возила, при екстремно високи температури и за време на викендите, во сила е од 1 јули до 31 август.
Термините се следни:
– петок од 17 – 22 часот,
– сабота од 9 до 18 часот и
– недела од 9 до 22 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15 – 22 часот,
– сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и
– недела од 7 до 22 часот.