fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски во посета на Агро Леска во Битола

Преку М1 од ИПАРД програмата Агро леска има набавено машина за собирање лешници со странична четка и фреза со сензор. Оваа набавка е ко - финансирана од ИПАРД со 50% од сумата или 340.000 денари.

Семејната компанија Агро Леска од Битола е производител на органски сокови од јаболко, праска, аронија и калинка.
Поддршката од програмата за рурален развој и ИПАРД значително им помогнала во модернизирање на процесот во берба на производството и неговата преработка.
Преку мерката за млад земјоделец имаат инвестирано во линија за пресовање, калибрација и полнење на соковите. За оваа инвестиција се поддржани со грант од 100% во висина од 1 милион денари.
Преку М1 од ИПАРД програмата Агро леска има набавено машина за собирање лешници со странична четка и фреза со сензор. Оваа набавка е ко – финансирана од ИПАРД со 50% од сумата или 340.000 денари.
Драго ми е што поддршката која ја даваме е препознаена и ценета, особено од младите луѓе како денешните домаќини кои веќе се во процес на припрема за нова апликација и се надевам нова успешна инвестиција, објави Никица Бачовски, директор на Платежната агенција.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close