fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Повторно ќе се објави постапката за набавка на домашна пченица преку Агенцијата за стоковни резерви

Според Трипуновски, постапката за набавка била прекината зашто претходниот менаџерски тим на Агенцијата повторно ги имал ставено критериумите да не биде заштитено домашното производство. 

Ќе се реобјави постапката за набавка на пченица преку Агенцијата за стоковни резерви и тоа на количини исклучиво од домашно производство, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Според Трипуновски, постапката за набавка била прекината зашто претходниот менаџерски тим на Агенцијата повторно ги имал ставено критериумите да не биде заштитено домашното производство.

– Она што беше задолжение на Влада од Агенцијата, да распише постапка за набавка на 15 илјади тони, за жал, се прекина затоа што претходниот менаџерски тим што требаше да ја спроведе постапката повторно ги имаше ставено критериумите да не биде заштитено домашното производство. Затоа сега, во наредниот период, ќе се реобјави таа постапка со критериуми што ќе бидат стриктно за набавка на македонска пченица, објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close