
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Претпладне врнежливо, а попладне облачноста ќе се намалува
И следните денови, според УХМР, се очекува променливо и врнежливо време со услови за повремени грмежи
Претпладне облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.