fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Даниела Иротова-Лазарева е новата директорка на Платежната агенција

Даниела Иротова-Лазарева досега беше државен секретар во МЗШВ

Даниела Иротова-Лазарева е новата директорка во Платежната агенција на Македонија, ова го потврди министерот  за земјоделие Цветан Трипуновски.

Даниела Иротова-Лазарева е добар познавач на состојбите во земјоделието, како државен секретар во МЗШВ а била и претседавач на Комитетот за следење на ИПАРД програмата 2021-2027 година, назначена во ноември лани. Таа била и пратеник во македонското собрание.

„На последната владина седница минатата недела назначен е нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на должност и ќе ги движи процесите во нормален тек за да не се појави паника или загриженост кај земјоделците, туку ќе продолжиме со тековно работење на Агенцијата. Новиот директор е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен секретар во Министерството за земјоделство, образложи министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

 

Од она што може да се најде како податок за Даниела Иротова-Лазарева таа е дипломиран инженер по општо шумарство, Факултет за шумарство и дрвна индустрија „Кирил и Методиј“ –  Скопје. Магистрант на катедрата за „Управување со сливните подрачја и природните непогоди (земјиште и вода) во шумските екосистеми“ на Шумарскиот факултет при универзитетот„Кирил и Методиј“- Скопје.

Даниела Иротова-Лазарева доаѓа на местото на Илија Стоилев кој минатата недела беше фатен во голем корупциски скандал околу ИПАРД програмата. Стоилев е во притвор.

Инаку, ИПАРД 3 програмата е од 128 милиони евра и е седумгодишна, од 2021 до 2027 година. Дел средства се искористени.

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close