Вести
Пазарџиите и годинава ги поскапеа цените пред празниците
Годинава повторно започна со раст на цените на основните прехранбени производи. Трпезата за божиќните празници по се изгледа ќе биде поскромна од лани.
Поскапени се костените, оревите, рибата, месото, зеленчукот и овошјето, но и покрај тоа граѓаните не штедат за празничните денови. Велат еднаш е Божиќ.
Потврда за зголемените трошоци на граѓаните даде и последната пресметка на државната статистика. Најголемо зголемување има кај овошјето и зеленчукот.
Пресметката покажува дека за 1 година, кошничката е поскапа за 1000 денари.