fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Алармантна состојбата со јагнињата во Дебарско

Околу 8000 јагниња заробени во карантин во општина Дебар

Алармантна  е состојбата со откупот на јагниња во Дебарскиот регион. Карантинската состојба на општина Дебар, заради корона вирусот, ја оневозможи продажбата на јагнињата. Сточарите  од овој крај се жалат дека секојдневно им се зголемуваат трошоците и дека не може да ја поднесат повеќе ваквата состојба. Како што не информира Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари  „Даши“ од Дебар, втор пат поднесуваат барање до кризниот штаб на Владата да им се помогне во излезот од кризата во која се најдоа.

„Бараме да ни се отворат патиштата да можеме да ги однесеме јагнињата до кланиците.Само во дебарскиот крај заглавени се 8000 јагниња.  Не можеме да ги издржиме веќе трошоците кои од ден на ден стануваат се поголеми, вели Скендер Аме. Споредено со овој период од ланската година трошам 50% повеќе храна, која е веќе при крај. Не ни се до крај исплатени парите по разни основи од одгледувањето на овци, додава тој.

Во моментов сточарите не може да направат ништо ниту со цената која во моментов изнесува 120 -130 ден, која е далу пониска од проводната цена. Вообичаено сточарите ги чуваат женските јагниња за приплод, а ги продаваат само машките, но ниту нив не може да ги продадат. Како што велат не е проблем само храната која од ден на ден се повеќе ја снемува, туку тука се и трошоцирте за плати на овчарите, за репроматеријали, канти за сирење и др. Апелираат  јагнето да биде што повеќе застапено во македонските месарници и наместо увезено месо македонските граѓани да купуваат наш производ.За сега малопродажната цена на јагнето се движи  од 280 – 300 ден/кг.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close