fbpx
Без категорија

Алармантно предупредување на научниците за климата: Најлошото допрва доаѓа

Најлошото допрва доаѓа, со многу повеќе импликации на животот на нашите деца и нашите внуци отколку на нашиот

Недостиг на вода, егзодус, потхранетост, изумирање на видовите… Животот на Земјата каков што го познаваме неизбежно ќе се преобрази со климатските промени кога децата родени во 2021 година ќе имаат 30 години или дури и порано, предупредува извештајот на Обединетите нации до кој дојде АФП.

Извештајот осцилира меѓу апокалиптичен тон и надеж

Нацрт-извештајот кој го напишаа стотина научници при Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC), меродавни на тоа подрачје, осцилира од апокалиптичен тон и надеж која се пружа на луѓето да ја променат својата судбина со моментални и драстични мерки.

Сеопфатнниот извештај за проценка на 4.000 страници многу е поалармантен од претходниот во 2014 година. Иако неговите главни заклучоци нема да се променат, официјално ќе бидат објавени дури во февруари 2022 година, откако со консензус ќе го одобрат 195 земји членки.

Разорни последици од загревањето ќе станат болно опипливи и пред 2050 година

Без оглед на стапката на намалување на емисиите на стакленички гасови, разорните последици од загревањето на природата и човештвото кое зависи од тоа ќе забрзаат и ќе станат болно опипливи и пред 2050 година.

„Животот на Земјата може да се опорави од големи климатски промени со еволуција на новите видови и стварање на нови екосистеми“, напоменува техничкиот дел на извештајот на 137 страници.

Меѓу најважните заклучоци е спуштањето на прегот преку кој загревањето може да се смета за прифатливо. Со потпишувањето на Парискиот договор во 2015 година, светот се обврза да го ограничи глобалното затоплување значително под 2 степени Целзиусови, а настојува да се ограничи до 1,5 степени пораст на температурата

„Најлошото допрва доаѓа“
Од сега, IPCC проценува дека надминувањето на + 1,5°C може постепено да доведе до сериозни последици, а понекогаш и неповратно.

„Најлошото допрва доаѓа, со многу повеќе импликации на животот на нашите деца и нашите внуци отколку на нашиот“, тврди IPCC.

Климата веќе се промени. Иако порастот на просечните температури од средината на 19 век достигна 1.1°C, последиците се сериозни и ќе бидат посилни, дури и иако се намалат емисиите на CO2.

.https://nezavisen.mk/alarmantno-predupreduvanje-na-nauchnicite-za-klimata-najloshoto-doprva-doagja/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close