fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Услови за одгледување аронија

Аронијата е култура која што не е многу пробирлива на климатските и почвените услови.

Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C, а кореновиот систем може да настрада на температура од -11 до -12°C. Во наши услови ретко кога се случуваат вакви температурни екцесии па поради тоа од овој аспект гледано оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата.

За оптимален развој на џбунчињата во текот на вегетацијата потребно е температурна сума над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразеви. За успешно одгледување на оваа култура и постигање на оптимални и квалитетни приноси количество на врнежи во текот на топлиот период од годината (во наши услови јуни-септември) треба да изнесува над 200 до 300 мм, во спротивно потребно е да се обезбедат услови за наводнување. Во однос на почвата не е голем пробирач, успева на песокливи но и на глинести почви. Не се погодни забарени почви и мочуришта. Подпочвени води треба да не бидат поплитки од 1.5 до 2 м.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close