fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ: Не дозволуваме профитерство во време на криза, граѓаните се секогаш на прво место

Од партијата порачаа дека продолжуваат со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата и нема да дозволат профитерство во време на криза.

Мерката за замрзнување на цената на лебот на најмногу 33 денари и обврската за негово доставување даваат резултати, велат од СДСМ.

Големите пекарници, кои два дена ја бојкотираа обврската, го доставуваат белиот леб од 450 грама во маркетите по цена од најмногу 33 денари. За СДСМ граѓаните се секогаш на прво место, порачаа од владејачката партија.

Истакнаа дека ги разгледуваат можностите и прават калкулации за замрзнување на цените и на други основни производи.

Додека СДСМ презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица застанаа зад профитерите и се противеа на замрзнувањето на цената на лебот. СДСМ продолжува со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата, се вели во соопштението.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close