fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Бектеши-Не се изгубени 60.000 работни места како што тврди опозицијата, туку 18.300

Поминаа законите кои произлегуваат од петтиот сет на економски мерки

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа инфромираше дека поминаа законите кои произлегуваат од петтиот сет на економски мерки, во комисијата за финансии и буџет откако биле блокирани од опозицијата и заради вакцинација на службениците денес нема да има седница.

„Пролонгиран е рокот за апликации до 30 април и работодавачите можат да аплицираат наеднаш за февруари и  март. До крајот на април ќе биде прифатен амандманот од страна на министерството за финансии. – рече Бектеши.

Министерот рече дека има различни мерки кои се реализираат. Што се однесува до отуштањата, Бектеши вели дека опозицијата вели дека се 60 000, и вистината е 18 300 изгубени работни места, вклучувајќи и тие што спогодбено ги изгубиле работните места.

Што се однесува со петтиот сет на економски мерки, тој вели дека не е предвидено само исплата на плата на работниците во одредени компании каде има намалување на приходите, туку има и други мерки, бескаматни кредити за одредени таргетирани сектори.

„Во првите месеци од годинава имаме зголемување на приходите на државата, значи зголемување на економската активност, а ако има зголемување на данокот на доход значи дека имаме зголемување на плати или нови вработувања.“ – вели Бектеши.https://www.24.mk/details/bekteshi-za-tv-24-ne-se-izgubeni-60-000-rabotni-mesta-kako-shto-tvrdi-opozicijata-tuku-18-300

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close