fbpx
Агро бизнисБез категоријаМакедонијаТоп вести

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар,

Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година. Oд ноќеска на полноќ бензинoт Еуросупер БС-95 ќе се продава пп цена од 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 63,5 денари/литар,  а цената на Еуродизелот ќе изнесува 53,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close