
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Делегација на Сојуз на тутунопроизводители “Мака на тутуноберачите” -Прилеп на Годишното собрание на ITGA во Дортмунд Германија
теми за кои се дискутираше беа: ● Цени на откупен тутун, пазари и нови пазарни механизми за продажба на суров тутун. ● Нови добри земјоделски практики во одгледувањето тутун и производството на суров тутун.
Делегација на Сојуз на тутунопроизводители ,,Мака на тутуноберачите-Прилеп на Годишното собрание на ITGA во Дортмунд Германија
Делегација на Сојуз на тутунопроизводители ,,Мака на тутуноберачите-Прилеп предводена од Претседателот на Сојузот дупл.агроном Киро Ристевски во рамки на најголемиот светски саем за тутун-Интертабак каде присутни беа оклу 800 изложувачи од цел свет од областа на тутун и производи од тутун кој се одржа од 15-17 Септември во Дортмунт-Германија присуствуваше на Годишното собрание на Светската асоцијација на тутунопроизводители(ITGA) каде беше примена за постојана членка на оваа асоцијацијана.
На состаноците организирани од ITGA беа дефинирани активностите за претстојниот,,Форум на ситнолистен тутун,,кој ќе се одржи на 27ми Октомври во Прилеп под покровителство на ITGA а со учество на делегати од Македонија,Бугарија,Грција и Турција како и деталите за состанокот на Извршниот комитет на Европската асоцијација на тутунопроизводители(UNITAB) со учество на делегати од Македонија,Италија,Полска,Белгија,Шпанија,Грција,Бугарија, Унгарија и Швајцарија,како и активностите за организацијата на Светскиот ден на тутунопроизводителите кој ќе се одржи на 28ми Октомври исто во Прилеп.
За време на дводневните состаноци во организација на ITGA во Дотмунд покрај приемот на Сојузот за постојана членка други теми за кои се дискутираше беа:
● Цени на откупен тутун, пазари и нови пазарни механизми за продажба на суров тутун.
● Нови добри земјоделски практики во одгледувањето тутун и производството на суров тутун.
● Рамковна конвенција на СЗО за контрола на тутунот (FCTC) и претстојната 12-та Конференција на страните (COP12) во 2027 година во Ереван, Ерменија.
Оваа посета на делагацијата на Сојузот на тутунопроизводители претставуваше одлична шанса и беше искористена и за средби и состаноци со голем број на откупувачи на тутун и производители на цигари кои сеуште не го користат македонскиот тутун во нивните производи со цел на промоција на македонскиот тутун и изнаоѓање на нови пазари.






