fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Денес сончево и ветровито време

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и ветровито време со повремено силен северен ветер кој наместа ќе надмине брзина од 70 километри на час. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 21 до 31 степен.

И во текот на следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Пораст на температурите на воздухот ќе имаме на почетокот од следната недела кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, посвежи утра пак ќе имаме за време на викендот со минимални температури од 7 до 16 степени.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close