Агро бизнисБез категоријаВести

Денеска облачно и врнежливо, на некои места ќе има и пороен дожд со грмежи

Подобрување на времето од утре

Променливо облачно со повремен локален дожд, најавува УХМР за денеска. На некои места, според прогнозата, се очекуваат и краткотрајни поројни врнежи проследени со ретки грмежи.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец.

Конкретно во Скопје ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер.

За утре, пак, се очекува подобрување на времето. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Поврзани новости

Back to top button