fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

До 25-ти декември лани, откупени 1.350 тони тутун по просечна цена од 302 денари за килограм

Субвенцијата треба да достигне од 100 до 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот. На постојните 80 денари, државата ќе издвои уште 20 до 30 денари за тутунарите.

До 25-ти декември лани, според Инспекторат за земјоделство се откупени 1.350 тони тутун по просечна цена од 302 денари за килограм. Поголемиот дел е проценет како прва, а околу 570 тони од прва и втора класа се предадени по цена од 240 денари. Вкупна вредност на откупениот тутун е 408 милиони денари.

Цените со кои почна откупот беа мали, велат од Министерството за земјоделство, поради што најавуваат повисока финансиска поддршка од претходните години.

Субвенцијата треба да достигне од 100 до 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот. На постојните 80 денари, државата ќе издвои уште 20 до 30 денари за тутунарите.

Од оваа година тутунарите ќе добијат и стопроцентна поддршка за „зелената нафта“, мерка која досега не ја користеа, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина.

Извор https://4news.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close