Агро бизнисВестиТоп вести
До среда со повремени локални врнежи од дожд
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време, до среда со повремени локални врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.




