
Доцнат субвенциите за земјоделците
Оризопроизводителите се уште не ги добиле субвенциите за 2025 година. Поради доцнењето на исплатата велат дека не може да се подготваат за новата реколта бидејќи препаратите за производство се поскапени и тоа им е дополнителен трошок. Па затоа, бараат итна исплата.
Оризопроизводителите се уште не ги добиле субвенциите за 2025 година. Поради доцнењето на исплатата велат дека не може да се подготваат за новата реколта бидејќи препаратите за производство се поскапени и тоа им е дополнителен трошок.
Па затоа, бараат итна исплата.
Тони Максимов, оризопроизводител
– За 2025 се уште не се исплатени субвенциите очекуваме оваа недела да ги исплатат бидејќи се неопходни и треба час поскоро да ги исплатат. Со покачување на нафтените деривати ние земјоделците сме најмногу оштетени бидејќи покачени се и вештачките ѓубрива и препаратите за производство на ориз. Доколку ги каснат субвенциите секој ден ние не можеме да ги набавиме препаратите за производство и не ќе можеме да произведуваме за наредната реколта.
Во меѓувреме, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја промовираше кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ преку која како што рече ќе се посетат над 30 општини и 120 населени места. Преку капмањата, спроед Трипуновски ќе се слушнат предизвиците со кои се соочуваат земјоделците но и ќе се презентираат и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство.
целиот текст на https://24.mk/



