fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Државата дава под закуп земјоделско земјиште до три хектари

Ако е за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии закупот е за период до 30 години; за подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години; подигање на маслинарници за период до 50 години; одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години; ливади за период до 15 години; за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години и рибници до 20 години.

Државата дава под закуп земјоделско земјиште до 3 хектари. Министерството за земјоделство има распишано четири јавни повици на кои заинтересираните можат да аплицираат за обработливо земјиште кое е распоредено во 34 региони во 878 катастарски општини исклучиво за производство на храна.

Закупот на земјиштето е со различно времетраење во зависност од намената. Така, ако е за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии закупот е за период до 30 години; за подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години; подигање на маслинарници за период до 50 години; одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години; ливади за период до 15 години; за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години и рибници до 20 години.

Првиот јавен повик се однесува за 11 региони (Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Кисела Вода и Чаир), со објавени 246 катастерски општини. Кај вториот опфатени се 10 региони (Берово, Пехчево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Прилеп, Штип и Велес), со објавени 206 катастерски општини. Третиот јавен повик опфаќа 13 региони (Делчево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Струмица, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба), со објавени 344 катастерски општини.

А четвртиот јавен повик се однесува на 7 региони (Кавадарци, Росоман, Неготино, Валандово, Делчево, Виница и Гевгелија), со објавени 82 катастерски општини.

– Овој јавен повик се однесува за доделување на земјоделско земјиште на кое веќе има подигнато долгогодишен насад и на кое можат да аплицираат сопствениците на тој насад со цел да го регулираат правото на користење на тоа земјиште – потенцираат од МЗШВ.

Апликации можат да поднесуваат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

– Нашата посветеност во остварувањето на поставената цел секоја една педа земја да биде дадена во рацете на земјоделците и да се обработува, ја потврдуваат и резултатите од претходните години. Така, во 2023 година преку повеќе огласи на располагање ставивме нови 6.406 хектари обаботливо земјоделско земјиште, додека, пак, во 2022 година над 14.000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна. Земјоделското земјиште денес преку една транспарентна постапка, а не преку непосредни спогодби, завршува во рацете на вистинските земјоделци за производство на домашна храна – потенцираат од МЗШВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close