Продажбата на виното од „Повардарие“ под контрола

(Oвој напис е објавен на: March 22, 2017)

vino bocvi

По бришењето од регистарот на производители на вино, извозот на виното на неготинско „Повардарие“ е ставен под контрола. Винаријата годинава не ќе може да се занимава со овој бизнис доколку прво не се раздолжи со лозарите и потоа ја плати казната на државата.

Поради неисплатената втора рата за откупеното грозје од ланската реколта „Повардарие“ ја загуби лиценцата за откуп на грозје. Според законот, доколку сака повторно да се врати во бизнисот со вино, прво ќе мора да се раздолжи со лозарите.

Доколку сака да добие дозвола за извоз ќе мора на Државниот инспекторат за земјоделство да му достави документ дека парите од продажбата на виното ќе ги искористи исклучиво за плаќање на долгот кон лозарите со камата.

Винаријата ќе мора потоа да ја плати и казната во буџетот за повторно добивање на лиценцата која е 10 проценти од неплетениот долг за втората рата, чиј рок за исплата заврши на 15 февруари .Според законот исплатата грозјрто е за од 6 месеци и на 3 рати од преземањето на откупениот род.

Првата рата од 20 проценти требаше да се плати до 15 декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15 февруари, а последниот износ треба да се плати до крајот на април.


 

мртв