fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Драстично зголемени цените на кичевските земјоделски производи

Според земјоделците, причината за тоа е поскапувањето на семенските материјали, препаратите за заштита и се што е неопходно за добивање квалитетен производ, како и сушата која го преполовила родот.

Кичевци се разочарани од цените на земјоделските производи. Велат дека се екстремно високи. Според земјоделците, причината за тоа е поскапувањето на семенските материјали, препаратите за заштита и се што е неопходно за добивање квалитетен производ, како и сушата која го преполовила родот.

-Едвај дочекавме на зелениот пазар да има понуда на локални земјоделски производи и да можеме да купиме зеленчук и овошје произведено од нашиот регион. Но, се разочаравме од висината на цените на зеленчукот. Како да не живееме во посиромашен град. Повеќето цени се највисоки во последните години и децении. Ви доаѓа да престанете да пазарите поради екстремно високите цени или да купувате помали количини колку за проба, изјави Петре Тренески, жител од Кичево. Аргументите на земјоделците се поинакви. Тој што не работел земјоделство, велат, не ги познава приликите.

-Затоа на граѓаните им се чини дека зголемените цени се за наша поголема заработка, нагласи Миле, земјоделец од Кичевско.

Тој потенцира дека од година во година бројот на земјоделци се намалува. Се повеќе ниви се необработени, а се намалува интересот кај младите да се занимаваат со оваа гранка.

Моментно, цената на килограм кичевски домат е 70 денари, на пиперот 60 денари, сливите се 50 денари, а кромидот 30 денари колку што е и компирот. Гравот се продава за 200 до 250 денари, морковот 40 денари. Цените на останатите производи се движат во овие ракмки.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close