
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Има исплата на субвенциите за органско производство
Вкупно од програмата за органско производство за 2024 година се исплатени 15.372.229 денари на 987 корисници
Платежната агенција за Зелена берза соопшти – Од Програма за органско производство за сертификација се исплатени 9.589.057 денари на 808 корисници, за анализа на почва на 5 корисници 26.830 денари, за трговија со органски производи се исплатени 963.997 денари на 16 корисници, за преработка на органски производи исплатени се 185.904 денари на 3 корисници, додека за овошен насад исплатени се 4.606.441 денари на 155 корисници. Вкупно од програмата за органско производство за 2024 година се исплатени 15.372.229 денари на 987 корисници




