fbpx
Вести

Над 100.000 хектолитри млеко продадени во декември

Во декември лани се продадени 103.866 хектолитри млеко, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во рамки на истото тромесечје, во ноември  2015 година се откупени 107.496 хектолитри млеко, а во октомври се продадени 122.317 хектолитри млеко во земјава.

nad 100 000 hektolitri mleko prodadeni vo dekemvri

 

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци и млекото.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 7.9% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 1.2%.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close