fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Канадската „Магна“ отвори фабрика во Струга, најавува над 1.000 нови работни места до 2024

„Како што се ќе зголемува бизнисот ќе расте и бројот на вработени. Возбудени сме поради отворањето на првата фабрика на ‘Магна’ во Македонија и можности што ги носи да го зголемиме нашиот удел во Источна Европа и да создадеме нови работни места во регионот“, рече Креспи.

Компанијата „Магна интернационал“ од Канада денеска во Струга ја отвори првата фабрика за производство на автомобилски делови за најзначајни производители на автомобили во светот. Новата канадска инвестиција „Магна“ во Струга од 35 милиони евра, зафаќа површина од 17.000 метри квадратни, а во постоечкиот објектот кој веќе работи од почетокот на оваа година во струшката технолошко индустриската развојна зона има повеќе од 300 вработени. Според најавите, до 2024 планирано е да се вработат над 1.000 работници.

Премиерот Димитар Ковачевски на свеченото отворање рече дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.

„Одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и системи кои ќе се испорачуваат на најголемите светски производители на автомобили се должи на нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, но и позитивната бизнис клима што ја создава државата. Да не се отвореше оваа компанија, сите млади кои се тука вработени ќе требаше да одат да работат во некоја од земјите во ЕУ и затоа сакам да им се заблагодарам и на ‘Магна’ и на нејзиниот менаџмент. Компанијата ќе вработува околу 1.300 лица“, рече Ковачевски.

Дејвид Креспи, потпретседател на „Магна интернационал“, рече дека новата инвестиција во Струга е првиот производствен капацитет на компанијата во нашата држава, кој ќе поддржи неколку европски производители на автомобили.

„Како што се ќе зголемува бизнисот ќе расте и бројот на вработени. Возбудени сме поради отворањето на првата фабрика на ‘Магна’ во Македонија и можности што ги носи да го зголемиме нашиот удел во Источна Европа и да создадеме нови работни места во регионот“, рече Креспи, објави СДК.МК.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close