fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од март ново покачување на минималната плата-ќе биде 22.500 денари

Од 2017 година, минималецот зголемен 4 пати, од март следи ново покачување!

Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во наредниот месец следи ново покачување.

Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од минатата година таа изнесува 20.175 денари.

За сите вработени, од месец март 2024 година, минималната плата ќе се зголеми на 22.500 денари.

Најниската плата во Македонија од март 2024 година ќе биде 22.500 денари, што е повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година.

Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.800 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close