![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/236650847_162588925991306_1033626260722526510_n-720x470.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Кој намерно предизвикува штети на водоводот Алинци-Будаково?
Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола веќе пријавиле во полиција
За само две недели трипати намерно е оштетен главниот водоводен систем Алинци-Будаково, а цевката е толку многу оштетена што не може ниту да се санира, туку се потребни поголеми зафати, информира директорот на ЈП “Водовод” од Битола, Горан Козаров.
-Поради тоа жителите кои се снабдуваат со вода од овој систем можно е да останат без вода . Доколку се продолжи со оштетување водоснабдувањето ќе биде во прекин повеќе часови или денови, вели Козаров
Од “Водовод” ваквите штети на водоводниот систем велат веќе ги пријавија во полиција