fbpx
ВестиТоп вести

Конференција ИКТ во агробизнис

Во периодот од 23ти – 24ти ноември, 2016, во хотел Александар Палас во Скопје, ќе се одржи конференција на тема ИКТ во Агробизнис, организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка.

konferencija ikt vo agrobiznis

 

Како лидер во поврзување на ИКТ секторот во Македонија, МАСИТ досега успешно организираше 13 регионални конференции за ИКТ, секоја од нив посетена од повеќе од 200 учесници, претставници од ИКТ компаниите но исто така и високи претставници од Владата на РМ и Министерствата, академските институции, донаторските организации и други значајни стеикхолдери од регионот на Југоисточна Европа. Имајќи ги искуството и контактите, не само на домашно туку и на регионално и интернационално ниво, МАСИТ ја најавува својата 14та по ред годишна конференција, оваа година со амбиција по втор пат да ги донесе на едно место двата сектори (ИКТ и Агробизнис) и да адресира релевантни теми од интерес кои се актуелни во последните години.

Целта на конференцијата да се зближат двете идустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања со цел да се олесни влезот на ИКТ индустријата на пазарот и да им се овозможи на фармерите и агрокомпаниите да дознаат на кој начин може ги стават технологиите во функција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close