fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

КОВИД ГИ СЕКНА ПАРИТЕ ОД ИСЕЛЕНИЦИТЕ:

Годинава тие ќе пратат помалку до своите блиски за над една четвртина

Иселениците, поради ковид кризата, праќаат се помалку пари на своите блиски во земјава, потврди гувернерката на НБМ, Анита Бежоска Ангеловска.

Тоа го наметнуваат глобалните трендови, кога поради кризата, иселениците имаат се помалку средства кои би ги испратиле во земјава.

За годинава се очекува во земјава приватните дознаки да се стопат за над една четвртина, односно за дури 26 проценти.

Притоа, како што појасни Бежоска, опаѓаат најмногу парите кои што гастербајтерите ги праќаат во кеш, преку неофицијалните канали, додека растат оние средства што се испратени преку официјалните банкарски канали.

Инаку, и Светска банка на глобално ниво предвиде опаѓање на парите од дознаките, за 20 проценти.

Се очекува оваа состојба да се подобри како ќе има закрепнување на глобалната економија.

Извор: https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close