Јадење кое отвора апетит: Крем салата од печени пиперки!

(Oвој напис е објавен на: August 23, 2019)

 

Неодолив вкус, салата која се јаде и отвора апетит. Со месо на било кој начин или меки печени компирчиња е одлична…
Состојки:
6 – 7 печени пиперки
100 г мајонез
200 г кисела павлака
1 чен лук
малку сечкан магдонос
2 – 3 лажици оцет од јаболки (може и лимон или алкохолен оцет)
сол, црн пипер
малку шеќер
Подготовка: пиперките испечете ги во рерна, оставете да отстојат, излупете и исчистете од семките. Исечкајте на коцки. Измешајте ги останатите состојки, лукот изрендајте го или ситно исечкајте. Се поврзете, пробајте и ако треба зачинете по ваш вкус.
Одлична салата од фрижидер со топли компири (печени во лушпа или пржени), може и со шницли – со тоа што вам ви се допаѓа.
Доколку сакате луто испечете и неколку лути пиперки.


 

ekran.mk