![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/243065236_116644424079478_9131047546227338409_n_800x534-780x470.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Македонски производи изложени на „Пазар на фармери” во Битола
Во Битола се одржа традиционалната манифестацијата „Пазар на фармери" чиј организатор и координатор е организацијата „Слоу Фуд Битола".
Во Битола се одржа традиционалната манифестацијата „Пазар на фармери“ чиј организатор и координатор е организацијата „Слоу Фуд Битола“.
На повеќе штандови во Старата битолска чаршија изложени се македонски производи, буковска пипер, мариовски мед, бистрички јаболка, македонско вино, млечни производи…кои граѓаните можеа да ги дегустираат и купат.
Дополнителна вредност на манифестацијата е можноста посетителите да се едуцираат за домашна локална храна, органска храна, како и за традиционални преработени производи.
Манифестацијата „Пазар на фармери“ е поддржана од Општина Битола и локалното јавно претпријатие „Пазари“.