fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лесно и евтино се садат, носат профит над 2.000 евра

Одлична идеја за бизнис

Се работи од пролет до доцна есен во зависност од билката за која се работи.

Одгледувањето на лековити, зачински и ароматични билки дури и на мали површини може да биде добар извор на заработка. За оние кои имаат поголеми плацови, тоа веќе претставува потенцијал за добар бизнис.

Производителите на овие билки велат дека вложувањата не се големи, а заработката е повеќе од солидна. Така на пример, ако засадите невен на 10 ари може да се заработи околу 1.000 евра, а од бел слез двојно повеќе – 2.000 евра, додека пак иницијалните вложувања за да се почне со производство се минимални.

За истата површина, ако сакате да одгледувате невен ќе ви биде потребно 300 грама семе – килограм чини околу 35 евра.

Во соседна Србија, голем број рурални семејства се занимаваат со овие бизниси, а според нив заработката на годишно ниво стигнува и до 10.000 евра. Други растенија за кои не треба да се прават големи инвестиции за да се засадат се босилек и артичока.https://skopje24.mk/odlicna-ideja-za-biznis-lesno-i-evtino-se-sadat-nosat-profiit-nad-2-000-evra/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close