вестиТоп вести

Новитет кај нас: Во Чешиново ориз се сее без вода

Сеидбата на ориз без вода веќе е реалност во селото Чешиново.

Ова се применува во многу земји во светот, но кај нас е релативно ново. Ваквиот начин на работа може да значи предност за младите кои сакаат да произведуваат ориз. Традиционалниот начин на производство на ориз во Македонија е тешка работа и младите не се заинтересирани да го продолжат, нивите ги напуштаат, по што заминуваат во странство. Оние кои сеат ориз на овој начин, се надеваат дека нивното искуство ќе го практикуваат и другите, и дека процесот ќе се шири,пишува Фактор.

„Производството на Био-смарт оризот, односно сувата сеидба произлезе како сублимат на искуствата од експертите и нашите членови на здружението. Пред околу 5 години беше засадена првата парцела на систем „капка по капка” на парцела, која што е одвоена  од системот за наводнување. Парцелата беше само намокрена, а не и полевана. За целиот период имавме база на податоци и на количините на вода, како влезни инпути. Оризот на ваков начин од истите сорти кои ги садиме со полевање, обично се однесуваше и развиваше сосем нормално, а трошоците во однос на семе и вода беа намалени. Исто така, рачната работа ја заменивме со механизација. Сеидбата е машинска, како и третирањето на суво. Компонентата во оризопроизводството ја спроведува Здружението „Јадрена група за одржливо производство на ориз Оризова братимка” од Чешиново, користејќи експерти, како од дома, така и реномиран професор од Светскиот институт за ориз IRI од Манила – Филипини. Клуч на целиот проект е одржлив начин на производство на ориз во ланецот на маркетингот и продажбата, при што преку намалено и контролирано учество на инпутите во производството, да се намали штетното влијание на животната средина и нарушувањето на биодиверзитетот“, вели  Јорданчо Лефков, претседател на Здружението „Оризова братимка” од Чешиново.

Целиот текст може да го прочитате тука.

Слични написи

Back to top button
Close