fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Можно ли е Македонија да стане увозно независна држава од жито?

Во моментот потребите на државата се околу 350.000 тони пченица на годишно ниво, а лани се произвеле 250.000 тони.

Доколку има реална поддршка од Владата околу откупот на пченицата Македонија за неколку години може да стане увозно независна земја и целосно да ги задоволува потребите за жито со домашно производство. Ова е ставот на Асоцијацијата на земјоделци кои истакнаа дека во моментот потребите на државата се околу 350.000 тони пченица на годишно ниво, а лани се произвеле 250.000 тони. Се надеваат на ветениот интервентен фонд од Владата кој би ги покривал разликите, доколку дојдат, од берзанската цена на пченицата до производствената цена кај нас, доколку таа би била за некој денар поскапа од онаа на берзите.

„Калкулацијата наши ако кажи дека производствената цена на пченицата и цената по која што треба да ја продаваме е минисна ние ќе се обратиме до државата. И ќе ги прашаме, доколку вие сакате сега да имате домашно производство на пченица тогаш таа наша разлика од денар, два или три, дали вие како држава сте способни да интервенирате или не сте? Ако кажат да ние ќе продолжиме со производство на пченица, ако не, ние нема да одиме со загуба. Битно е дека ние сме оспособени да произведуваме пченица доволно за потребите на Македонија, но без загуба“, истакна Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Лани се засадиле 75.000 хектари, а годинава кога сме на прагот на пролетната сеидба се очекува тоа да биде за 1.000 хектари повеќе. Квалитетот и тежината на родот пак ќе зависи нормално пред се од временските услови.

„И мислам дека можеме да го постигнеме тоа наше производство за да бидеме независни од увоз на пченица. Ако лани сме имале околу 250.000 тони пченица и оваа година со зголемување за околу 30.000 тони, тогаш ќе ни останат уште 20-тина проценти кои треба да се увезат, но со тек на време и тоа може да се покрие, додаде Стојкоски.

Извор https://sitel.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close