fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Од утре без маски на отворено?

Предлог до Главниот координативен кризен штаб за олабавување на рестриктивните мерки.

Комисијата за заразни болести заседаваше и беше донесена одлука, врз основа на стивнувањето на пандемијата и намалувањето на бројот на активни случаи во изминатите недели, да се достави предлог до Главниот координативен кризен штаб за олабавување на рестриктивните мерки.

Од Министерството за здравство информираа дека  Комисијата до Штабот предложила од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Предлага и да престане да важи забраната за групирање на отворено – при групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50 проценти исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде шест.

– Спортските натпревари на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30 отсто од капацитетот на стадионот. Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по шест гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат во сила. Полицискиот час останува во сила, наведоа МЗ.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close