fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА ОВЦИ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ Уште нема абер за субвенциите за 2021 година

„Политичарите да мислат малку на оваа гранка, овчарството. Дали целосно да го уништат или не“, порачуваат сточарите.

Одгледувачите на овци најавија протест, бидејќи се уште нема абер од субвенциите за 2021 година. Тие ќе организираат протест и ќе бараат оставка од министерот за земјоделство кој им ветувал дека субвенциите ќе им се исплаќаат авансно, јави телевизија Сител.

Одгледувачите на овци се револтирани бидејќи се уште нема субвенции за 2021 година. Велат субвенциите доцнат, а не пак да се даваат авансно како што ветуваше министерот за земјоделство. Земјоделците рекоа дека ќе наскоро ќе организираат протест и побараа оставка од министерот.

„Значи утре да ни бидат пуштени субвенциите протест ќе има. Зошто? Поради тоа што е пробиен секој рок. Субвенциите требаше да се исплатат до 30 јуни, а веќе сме крајот на август, а субвенции нема. Донесовме решение да побараме оставка од овој министер кој за нас не е  министер. Истиот тој ни кажа не ме притискајте ќе гледам да ги исплатам субвенциите во најбрз можен рок. А тоа значи до крајот на април да ги земете субвенциите“, рече Митко Јанков, претседател на здружение „Агро центар“ од Велес.

Сточарите прашуваат како ќе купат храна и се што е потребно за стоката без тие средства. Рекоа дека иако побарале забрана за извоз на житни култури за да купат поевтина храна, но државата тоа не го испочитувала, а сега храната била со астрономски цени. Велат погрешните политики во земјоделието за овие 30 години го уништиле сточниот фонд кај нас.

„Имам само еден апел до сите политичари во Македонија да мислат малку на оваа гранка, овчарството. Дали мислат целосно да го уништат или не. За време на Југославија Македониија имаше од 2 до 3 милиони грла на овци, сега имаме само 400.000“, додаде Амет Скендер, претседател на здружение „Даши“ од Дебар.

„Доцнат секоја година со субвенциите, навреме не се исплаќаат, оваа година и инфлацијата тие пари што треба да ги земеме ни ги јаде, 50% треба сега да платиме повеќе за храна“, рече Серхан Ушкоски, здружение „Орлови бари“ од Битола.

Деновиве ќе се знае точно датумот и локацијата на протестот на одгледувачите на овци.https://sitel.com.mk/odgleduvachite-na-ovci-najavuvaat-protest-poradi-docnenjeto-na-subvenciite

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close