fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Жито Битола ваш партнер за сигурен откуп на житото

 

 

Жито Битола ваш партнер за сигурен откуп на житото

Мелничкиот комбинат Жито Битола, најголемата и најзначајната мелничка индустрија во Пелагонија и поширокиот регион им нуди сигурен откуп на житото и житните култури на сите земјоделци. Вратите на Жито Битола се широко отворени за соработка со индивидуалните земјоделци, а компанијата нуди сигурна и професионална соработка. Силосите на Жито Битола можат да складираат 16 милиони килограми житни култури. Односно, новиот силос е со капацитет од 10 милиони килограми и бетонскиот со капацитет од 6 милиони килограми.

-Жито Битола од ноември 2019 години ја презеде Ангро маркет-механизација и нашата фирма работи со полн капацитет. Од оваа година започнуваме со откуп на пченица, пченка, јачмен, ‘рж и други житни култури. На индивидуалните земјоделци им нудиме сигурен откуп, а цената на откупот ќе ја диктира самиот квалитет на житните култури, порачуваат од менаџментот на Жито Битола.

Силосите, млинот и магацините се имот на Жито Битола кои работат со полн капацитет. Покрај откуп на житни култури во комбинатот се врши и производство и пакување на брашно и други прехранбени производи.

-Технологијата на производство е добро испробана, но во иднина ќе се усовршува пакувањето, ќе имаме и нови современи машини. На нашите потрошувачи ќе им понудиме гриз, пакувана клица, високопротеинска храна како дел од асортиманот здрава храна, интегрално брашно и др.- велат од Жито Битола.

На местото каде што е денешна Жито Битола од памти век имало млин. На тоа место се наоѓал еден од првите млинови во Битола и му припаѓал на богатиот Исмаил бег кој живеел за време на Османлиската империја.

А.Б

Слични написи

Back to top button
Close