Овоштарите од Преспа донираат јаболка на сиромашни семејства

(Oвој напис е објавен на: March 7, 2019)

Производителите на јаболка од Преспа ќе донираат околу 50 тони јаболка на хуманитарни организации ширум земјата кои ќе завршат во социјално загрозени семејства. На овој начин, овоштарите велат дека сакаат да ја покажат својата хуманост и вишокот јаболка да не го фрлаат.

-Ние како овоштари сакавме да покажеме дека не бараме само пари да се одвојуваат од буџетот и да ни се дава помош. Сакавме со нашата хуманост да покажеме дека имаме јаболко кое ќе го донираме и ќе се додели на сиромашни семејства и хуманитарни организации, истакна Менде Ивановски, претседател на работната група на овоштарите.

Овоштарите во Ресен имаа и средба со министерот за земјоделие кој им соопшти дека мерката за дополнителна субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува и ќе важи до 30 јуни 2019 година.

-Нашите три конкретни барања кои во овој момент ни беа најтешки за решавање, министерството ги прифати и позитивно одговори на нашите барања. И во иднина ќе разговараме со министерството, сепак ќе мора стратешки да гледаме на нашиот производ јаболко, и не може преку ноќ да се решаваат напластените проблеми кои долги години се наталожени во јаболкопроизводството, изјави Ивановски.

Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка.


 

sitel

Share Button