fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Фотоцентрали и на плодно земјоделско земјиште

Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите.

Фотонапонски централи и ветерници ќе може да се градат и на најдоброто земјоделско земјиште во Македонија со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште кој од вчера е најавен на платформата на единствениот национален електронски регистар на прописи.

Министерството за земјоделство предлага големите странски стратешки инвеститори да може да градат енергетски објекти на најплодните земјоделски површини од прва, втора, трета и четврта класа.

„По исклучок од став 2 и 3 на овој член земјоделското земјиште од I до IV катастарска класа може да биде предмет на пренамена доколку урбанистичкиот проект е за планирање на градби за кои со закон е уреден стратешки интерес и пренамената се врши со донесувањето на законот со кој е уреден стратешки интерес“, се вели во предложениот закон.

Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите.

„Земјоделското земјиште од III и IV катастарска класа може да биде пренаменето заради донесување на урбанистички проект вон опфатот на урбанистички план и урбанистички план вон населено место со кое се планира наменска зона за енергетски градби (хидроелектрични централи, термоелектрични централи, нуклерани електрани, ветерни електрани, концетрациони сончеви електрани, електрани на биогориво и површински соларни и фотоволтаични електрани) само доколку во катастарската општина за каде се планира донесување односно одобрување на урбанистичкиот план односно урбанистичкиот проект нема земјоделско земјиште од пониска катастарска класа.“, нагласено е во законските измени.

Во членот 51 има уште една значајна измена, а тоа е и дека самите пасишта како земјоделски површини може да се пренаменат во градежни, алудирајќи на тоа дека и таму ќе се градат фотоцентрали.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close