вести

Половина од овошјето и зеленчукот во САД завршуваат во ѓубре

Зеленчукот и овошјето со лош изглед тешко го наоѓаат патот кон рафтовите на продавниците во САД. Речиси половина од повлеченото овошје и зеленчук од продавниците во САД завршува во ѓубре и тоа не поради поминатиот рок на употреба туку поради култот кон перфекционизмот, пишува британскиот „Гардијан“.

polovina od ovoshjeto i zelenchukot vo sad zavrshuvaat vo gjubre

 

Тврдењето се заснова на официјални податоци и интервјуа со земјоделци, вработени во логистички компании, државни службеници и научни работници.

Така, на пример, посредниците откупуваат само визуелно совршена стока. Значаен дел од културите остануваат на полето, само поради изгледот. Kако пример се наведени насади со грозје, кои се оставени да се распаѓаат само поради тоа што формата на гроздовите не одговара на желбите на крајниот корисник.

Фармерите сметаат дека меѓу 25 до 50 отсто од реколтата се фрла од такви причини.

„Несовршена стока“ е услуга за снабдување во областа на Сан Франциско, која е специјализирана за дистрибуција на „грда храна“, како што е наведено на нејзината страница. Kомпанијата предвидува дека најмалку една петтина од произведените зеленчук и овошје остануваат по полињата само од оптички причини.

Според истражувањето на „Гардијан“, голем дел од плодовите се фрлаат уште за време на транспортот, иако во повеќето случаи станува збор за релативно недопрена стока. Според студија на владата, годишно во ѓубре завршува стока во вредност од 160 милијарди долари, што одговара на речиси една третина од вредноста на производите во трговската мрежа.

Економисти и аналитичари велат дека тоа создава и значителен еколошки проблем, сепак производството апсорбира значителен ресурс. Од друга страна, станува збор и за хуманитарен проблем, со оглед на кризата со исхраната на населението во целиот свет.

Според „Гардијан“, на глобално ниво се фрла околу една третина од произведените продукти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close