fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Проблеми со глобалното снабдување со кафе

Долготрајниот локдаун во најголемиот виетнамски град Хо Ши Мин може да зададе нов удар на и онака намаленото глобално снабдување со кафе, пишуваат британските медиуми.

Долготрајниот локдаун во најголемиот виетнамски град Хо Ши Мин може да зададе нов удар на и онака намаленото глобално снабдување со кафе, пишуваат британските медиуми.

Хо Ши Мин е централна точка на виетнамскиот извоз, а е под строги ограничувања на патувањата по растот на бројот заразени со делта сојот на корона вирусот, потсетува Би-би-си.

Виетнам е голем извозник на робуста, сорта кафе кое се користи за производство на инстант кафе и некои мешавини за еспресо.

Големопродажните цени на робустата во зрно оваа година пораснале за околу 50 отсто.

Блокадата на Хо Ши Мин претставува најнов проблем во низата проблеми за виетнамските извозници, надоврзувајќи се на недостатокот на контејнери и високите возарини.

Градот и неговите пристаништа се клучен дел од поморската мрежа која Кина ја поврзува со Еверопа, потсетува Би-би-си.

Се бара ублажување на мерките

Виетнамското здружение на производители на кафе како и други организации ја повикаа владата да ги ублажи ограничувањата за да се избегнат понатамошните доцнења на испораката и трошоците што следат.

Минатата недела виетнамскиот министер за сообраќај одговори со налог до регионалните власти на југот да ги ублажат непотребните мерки во превозот на стоките, меѓу кои и кафето.

Проблемите со кои се соочуваат виетнамските производители се најнови во низата проблеми со кои се мачи индустријата на кафе.

Така, родот во Браизл, најголемиот светски производител на премиум зрна кафе од сортата арабика, настрада поради сушата и најголемиот мраз од 1994 година, поттикнувајќи го најголемото поскапување на сурово кафе во последните седум години.

Штетата од мразот е голема, поради што некои одгледувачи ќе мора да подигнат нови насади, што може да значи дека ќе им требаат три години да го обноват производството, додава Би-би-си.https://nezavisen.mk/poradi-lokdaunot-vo-vietnam-se-pojavija-problemi-so-globalnoto-snabduvanje-so-kafe/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close