fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСовети

Совет од земјоделец-здрава прихрана за краставиците, за градинарските култури

За поголеми приноси

На каналот „Совети од биолог за напредок“ можат да се слушнат интересни земјоделски совети, а овојпат тоа беа неколку рецепти за органска прихрана за, не само на краставиците, туку и на сите градинарски култури.https://nmd.mk/

Доколку сакате да имате богат принос, следете ги советите на овој земјоделец кој тврди дека неговите трикови се толку успешни, што плодовите ги собира со канти. Рецептите се дадени редоследно, па еве што ви е потребно:

Со оваа смеса ги заливам и собирам краставици во вреќи!

Потребни состојки и подготовка: сипете 1 лажица шеќер и 3 лажици овесни снегулки во блендер и залијте со 1 литар вода. Измиксајте добро, па оставете ја смесата затворена во блендерот да отстои два часа.По изминатото време процедете ја содржината, а добиената течност разредете ја во 1 литар вода за да добиете вкупно 2 литри. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот еднаш на секои 25-30 дена.Направете го ова и краставиците веднаш ќе пораснат и ќе дадат огромен принос!

Потребни состојки и подготовка: Ситно исечкајте ја лушпата од една банана. Сипете ја лушпата во блендер или сад со капак и залијте ја со 2 литри вода. Оставете вака да отстои затворено и на темно 24 часа. Следниот ден промешајте и процедете ја течноста. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот.

Со овој врвен прелив не ќе можете да постасате од берење на краставици, толку голем принос ќе има!

Потребни состојки и подготовка: 5 лажици леќа, 1/2 лимон, 2 литри врела вода. Сипете ја леќата во блендер или некој сад со капак, истискајте го сокот од половина лимон и ставете го она што ќе остане (пулпата сосе кора), па залијте со два литри вода.

Оставете вака да отстои 12 часа. Потоа измиксајте додека состојките добро да се сомелат. Процедете и разредете во 1 литар вода за да добиете вкупно 3 литри врвен прелив. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот.

Бев шокиpан! Дури и мpтвите краставици веднаш пораснаа и дадоа голема жетва!

Потребни состојки и подготовка: 1 лажичка куркума помешајте со 1 литар вода. Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот.

Многу важен врвен прелив за краставици! Веднаш ќе пораснат и ќе дадат голема жетва!

Потребни состојки и подготовка: 1 лажичка црн пипер во зрно и излупена кора од 1 голем компир ставете во блендер или сад со капак, залијте со 2 литри вода и оставете да отстои 12 часа. Потоа измиксајте додека состојките добро да се иситнат.

Се процедува и се разредува во 1 литар вода за да се добијат вкупно 3 литри до преливот. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот.

Од ова ќе пораснат тони краставици!

Потребни состојки и подготовка: во блендер или сад со капак ставете 1 лажица интегрален ориз, сок од еден лимон и она што ќе остане од него (пулпа сосе кора), па залијте со 2 литри вода. Оставете на темно место да отстои 12 часа.

Потоа измиксајте со блендер додека да се сомелат состојките. Процедете. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот.

Две капки од ова и ќе порасне еден тон краставици! Дајте им на краставиците и ќе берете со кофи до есен!

Потребни состојки и подготовка: сипете 1 супена лажица сув хибискус и залијте со 2 литри врела вода. Оставете да отстои 4 часа, па процедете. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот.

Една таблета, па дури и закржлавените садници стануваат посилни пред нашите очи! Бујни и здрави!

Потребни состојки и подготовка: Во блендер ставете активен јаглен 1 таблета и 1 супена лажица скроб/нишесте, па залијте со 1 литар вода. Изматете добро со блендерот додека да се растворат состојките.

Процедете и разредете во 2 литри вода за вкупно 3 литри врвен прелив. УПОТРЕБА: Залевајте во коренот еднаш на секои 25-30 дена.

Краставиците почнуваат да растат за миг! Истурете го ова врз ластарите од краставица!

Потребни состојки и подготовка: измешајте 1 супена лажица скроб/нишесте со 1 супена лажица овесни снегулки, па залијте со 2 литри вода. Измешајте и оставете затворено да отстои 12 часа. Процедете. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот.

Краставиците никогаш не се разболуваат, ова го користам веќе 50 години! Споделувам со вас една тајна, краставиците се како од слика!

Потребни состојки и подготовка: измешајте 1 чешне лук и 1 таблета аспирин. Залијте со 2 литри вода и измиксајте во блендер. Процедете и разредете во 1 литар вода за да добиете вкупно 3 литри. УПОТРЕБА: Разредете 1 чаша во 3 литри вода и залевајте во коренот. Видеопрезентацијата на земјоделецот погледнете ја ОВДЕ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close