вести

Преку проектот „50-50“ се набавени 10 илјади парчиња земјоделска механизација

Со досегашната владина поддршка, преку проектот „50 – 50“ се набавени 10 илјади парчиња земјоделска механизација, од кои 2.000 трактори и 8.000 други видови машини, изјави премиерот Никола Груевски. Се работи за голема инвестиција од околу 15 милиони евра.

preku proektot 50-50 se nabaveni 10 iljadi parchinja zemjodelska mehanizacija

 

– Се работи за голема инвестиција, вкупно околу 15 милиони евра до сега инвестираше државата за да им помогне за набавка на овие 10 илјади парчиња земјоделска механизација од кои што 2.000 трактори и 8.000 други видови земјоделска механизација. Низ овој период видовме дека тоа многу им помогна на земјоделците, тие се задоволни, другите кои што го немаат направено тоа видоа дека е остварливо, дека тоа што се ветуваше се реализира. – изјави Груевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close