ВестиМакедонија

Променливо облачно со повремен дожд и снег

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Маврово, Битола и Охрид, по околу 20 литри на метар кавратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Маврово, Битола и Охрид, по околу 20 литри на метар кавратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар.

УХМР информира дека најмногу снег, пак, има на Попова Шапка каде што снежната покривка е 51 сантиметар.

Најстудено утрово е во Маврвово нула степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран со осум степени. Во Скопје се измерени два степена.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close