fbpx
ВестиСовети

Градинарство – календар за месец Март

gradina

Во март се садат: домати, пиперки, модар патлиџан – (средно – рано производство) аспарагус, праз, зелка-рана на отворени леи, рен – во полутопли оранжерии.

На отворено се сее крупна бакла од 10-25 март со 180-200 кг/ха, грашок од 1-10 март со 150-180 кг/ха, зелка од 25 март до 10 април со 0,6 -0,8 кг/ха, копар од 5-15 март со 15-25 кг/ха, моркови рани – март со 6-8 кг/ха, магдонос од 15 март со 7-10 кг/ха, ротквици од 15-30 март со 12-20 кг/ха, салата со расадување и потребно за расад е 2-3 г на 1 м, 2 од 20 март – (0,3-0,4кг/ха), лук летен во март со 1000-1500 кг/ха (700-900), домати средно-рани од 10-20 март, домати доцни од 20 март-15 април, пиперки средно-рани од 10-20 март.

Од почетокот на месец февруари започнува одгледување на расад домати за рано оранжериско производство. 25-30 дена по сеидбата растенијата се пикираат и по 25 дена се пресадуваат на постојано место.

Добро закалениот и здрав расад е предуслов за максимален принос од растенијата и ако има поволни услови за одгледување, кон крајот на мај и почеток на јуни во зависност од тоа кога е извршена сеидбата, се добива и посакуваниот принос.

При одгледување на расад од домати треба да се одржува потребната температура и влажност на воздухот и почвата. Водата која ќе се користи за наводнување да биде со потребната температура 20-25 ° C. Со полевањето можат да се внесуваат ѓубрива со потребните макро и микро елементи, како и превентивни фунгициди против сечење садници:

Лажно сечење – Превикур 607 сл 0,15-0,25% или Рива 607 сл 0,15-0,25%

Вистинско сечење – Топсин М 70 ВП 0,07-0,1%

Да се следи појавата на оранжериската белокрилка и лисните вошки со ставање на жолти лепливи мамци. Задолжително по пресадувањето на растенијата на постојано место против попово прасе пожелно е да се стави мамец: Месурол Шнекенкорн 4Г во доза 0,3 g / м2 или да се приготви мамец: На 1 кг.трици се додава 25 мл Би 58;1 лажица шеќер;1 лажица масло и малку вода. Против голи полжави може да се расфрла пепел.

Краставиците се топлољубиви растенија. Во текот на целиот период на одгледување температурата не смее да падне под 15°С. Семињата се сеат во агроперлит при температура на воздухот 28-32°C и висока влажност 70-80%.Тие никнат само за 3-5 дена. Потоа растенијата се пикират во кофички полни со однапред припремена почвена смеса со потребните хранливи елементи и се одгледуваат при температура на воздухот 24-27°С дневна, а ноќна со 2-3°С пониска. По 20 дена здравите и калени растенија се пресадуваат на постојано место. По 30-40 дена се добива принос-плодови.

Растенијата се отпорни кон штетникот попово прасе.

На површини засеани со лук од есен, при постојана температура на воздухот над 5°C, постои можност да се појави лукова мува. Превентивно треба да се третира со инсектицид со намокрувач.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close