ВестиМакедонијаТоп вести

Првиот работен ден после Нова година тутунарите ќе ги повлечат поверениците од вагите и ќе го стопираат откупот во цела Македонија

Прес конференција на Иницијативниот одбор за потезите после Нова година

Првиот работен ден после Нова Година тутунарите ќе ги повлечат поверениците од вагите и ќе го стопираат откупот во цела Македонија ако овие 2 дена откупувачите не се придржуваат до ветеното и не ги зголемат откупните цени на тутунот. Тутунарите велат дека се крајно разочарани затоа што и покрај многубројните ветувања и средби со откупувачите, министерот за земјоделство и премиерот не се реализирало буквално ништо. По празниците имаат закажано и нова средба со премиерот Заев на која очекуваат некакво решение.

-Доколку нема решение на таа средба, како и досега, секоја нереално преценета кутија да се запира за второстепена комисија и комисијата да излегува и тоа го решава. Како што вика Законот, доколку на едно место на еден проценител  му се направи запирање за второстепена комисија од три пати и се процени на тутунопроизводителот 50% погорна класа, на тој проценител треба да му се одземе лиценцата и тој проценител во наредните 5 години нема право да полага и да биди проценител. Ние како Сојуз ги искористуваме сите законски можности, секој ден сме во постојана комуникација со Иницијативниот одбор и максимално ги поддржуваме, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Тутунарите велат дека малку недостасувало ситуацијата да излези од контрола затоа што револтот бил навистина огромен. Тутунот се ценел класа подолу, а доказ за незадоволството било тоа што лани ова време биле откупени 18 милиони килограми со просечна цена од 220 денари, а годинава до денес откупени се само 4,5 милиони килограми со просечна цена од 167 денари или скоро едно евро помалку за килограм. Тутунарите побараа од премиерот Заев јавно да излези и да кажи како планира да ја реши целата ситуација.

-Да запре овој грабеж кој се случува во моментов, бидејќи се цени класа подолу луѓето се изреволтирани и изманипулирани. Мака мачат како да дојдат до откупните пунктови, динамиката е со лош интензитет и откако ќе излезат со пресметките не знаат што да прават со тие бедни класи во 3 и 4 класа. Примерот јавно да излези на медиум, на телевизија и да кажи како мисли да го реши проблемот со тутунарите, овој проблем ќе трае и понатаму. Затоа додека не излези работава од контрола јавно да излези да кажи како ќе ја спаси оваа годинашна тутунарска мака. Ако сега не се реши ситуацијата ќе влезиме во уште поголеми проблеми. Тогаш тутунарите ќе се молат само да го предадат тутунот, а не да прашуваат за класа. Затоа сега ни е последна шанса да се реши проблемот. Решението е во институците. Не е кај нас, туку кај држава, таа има начин и механизам како да се решии проблемот. Нормално ако се има волја за сето тоа, вечи Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

Тутунарите истакнаа дека по средбата со Заев ќе се знаело дали проблемот конечно некако ќе се реши или пак ќе се продолжело со нови блокади на патиштата и откупните пунктови.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close