вестиМакедонијаТоп вести

Шеги – Без навреда

Зетот

 

Оди зетот на гости кај дедото и бабата. Го пречекуваат од убаво поубаво.
Бабата му испекла пиле. Дедото му ставил од најубавата ракија, а додека зетот бил на гости, го пратиле синот да оди да го исчисти изметот од животните од шталата.
Откако гостите си заминале, синот прашал:
–Мамо, тато, јас ги работам најлошите работи и пак се посно ми готвите и не ми давате од убавата ракија. А кога ќе дојде зетот, се најубаво за него.
–Ааа, да знаеш синко тој што ѓубре исчисти од нашата куќа… Ти цел живот да ринеш, нема да изринеш толку…

***

Или ќотек или чај

 

Сосетките седат и си пијат кафе и едната и се жали на другата:
–Кажувај некој совет, што да правам? Трпе ме тепа секој пат кога ќе се прибере пијан.
–Не се секирај, го знам лекот. Купи си чај од камилица и кога ќе се прибере пијан, започни да правиш гаргара.
Тепаната не видела некоја смисла во советот, но сепак решила да проба. По една недела, двете пак се гледаат. Тепаната и вели на другата:
–Леле, Господ да те богослови! Откако почнав гаргара со камилица да правам со прст не ме допре.
–Ееее, па прашај паталец, друго си е кога си ја држиш устата затворена…

***

Резерва дечко, резерва гума

 

–Ало тато, пукна гумата, не знам што да правам! Му ѕвонам на дечко ми не се јавува!
–Резервата каде ти е?
–И тој не се јавува!

***

Семафор

Комшивката отишла кај Ајше на кафе и ја затекнала како готви ручек на електричен шпорет со 3 рингли. Ќе го подржи тенџерето неколку секунди на едната, па го преместува на втората, а по неколку секунди го преместува на третата. Потоа пак на првата и постојано така…
–Ајше, што правиш? – Прашала комшивката.
–Грав.
–А зошто само го преместуваш тенџерето од една на друга рингла, а не го оставиш да се вари само на една?
–Мора така. Откако дојдоа од ЕВН и ни ја исклучија струјата, Рамче не приклучи на семафорот…

***

Полиција

 

Застанува полицаец  возач на автопат со 180 на част и му вика:
–Па јас тебе цел ден те чекам!
А возачот му враќа:
–Брзав колку што можев…

***

Колку чини сирењето?

 

Цветко оди на пазар:
–Колку ви е беровското сирење?
–380денари килограм.
–Скапо. Од спротива е 320.
–Па земи од таму.
–Епа нема.
–Ние кога немаме сирење и кај нас е 250 денари…

***

Слика

 

Психијатарот му покажува на пациентот лист со дамка од мастило:
–Што гледате?
–Гледам тажен, осамен човек, уморен од справување со идиоти, со ниска плата, напорна работа и мизерен, неправеден живот…
Психијатарот си ги брише солзите и вели:
–А на сликата…?

avtor Blaze Dokule

 

Слични написи

Back to top button
Close