fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ССК: Актуелни сотојби пред пролетната сеидба и како до поголеми приноси

Кои се препораките и потребните агротехнички мерки за успешна пролетна сеидба, каква е актуелната состојба на терен и колку е важно користењето квалитетен семенски материјал за поголеми приноси, се само некои од темите за кои ќе стане збор на денешната прес-конференција што ја организира Агро бизнис комората при Сојузот на стопанските комори.

Како што најавува ССК, претседателот на Комората, Огнен Оровчанец и неговиот заменик, Горан Ѓорѓиевски ќе се осврнат и на можностите за производство и извоз од земјава, како и на задржувањето на активното население со зголемување на домашното производство.

– Квалитетно и конкурентно земјоделство со зголемување на обработливото земјиште, продуктивност преку осовременување на земјоделските стопанства и пласман на производството, се од голема важност за развој на секторот. Земјоделството лани во бруто домашниот производ, заедно со шумарството и рибарството, учествуваше со 11 проценти, наведува ССК. /МИА

Слични написи

Back to top button
Close