вестиСовети

Со земјоделство до ресоцијализација: Одлични вина, свињи, овци, мед од затворот во Лепоглава

Во лепоглавскиот казнено поправен дом, посебно се горди на своето производство на одлични вина со заштитено географско потекло, за што добиле низа признанија на саемите и изложбите на вина. Златната жолтица, годинава не ги поштедила ни нивните лозови насади, кои ќе се обноват благодарение на средствата добиени од подмерката 5.2 Програма за рурален развој.

 

На исклучително организираното земјоделско стопанство во Затворот во Лепоглава, годишно се одгледуваат повеќе од 400 свињи, 200 овци со јагниња и уште толку бикови. Затворениците, во состав на работната терапија, обработуваат 92хектари земјоделско земјиште, сегрижат за шумите и лозовите насади, а годишно произведуваат тон висококвалитетен мед. Стопанската дејност во затворот, на тој начин носи приход од дури 12 милиони куни годишно, кои наменски се вложуваат во подобрување на производството и условите за престој на затворениците.

„Затворот има 92 хектари обработлива површина, од што на 65 хектари се одгледуваатземјоделски култури – житарици и пченка, во пластеници се одгледуваат зеленчукови култури, управуваме со 410 хектари шума, имаме значајно сточарско производство, произведуваме и мед, а посебно сме горди на нашите лозови насади, од кои годишно добиваме 20 илјади литри вино од квалитетни сорти. Но, земјоделското производство е само дел од нашата стопанска дејност, која вклучува и дрвопреработувачка работилница, металска и работно – тераписка работилница.

Стопанската дејност на Затворот, исклучително е важна за успешна ресоцијализација на затворениците, а ни донесува и дополнителен приход, кој го вложуваме во унапредување на производството, а со тоа и подобрување на условите во затворот. На тој начин, само во последните четири години, сме инвестирале повеќе од 800 илјади куни од тој извор“, истакнал Дражен Посавец, управител на Затворот во Лепоглава.

Работата е важен фактор за ресоцијализација на затворениците

 

Благодарение на ова земјоделско производство, осигурана е квалитетна исхрана на затворениците, а со тоа и енергетска независност на затворот, затоа што на пример, од шумите кои ги управуваат, годишно извлекуваат 3200 кубици букова маса, кои ги користат за потребите на работилницата, како и технолошко дрво со кое се грее затворскиот комплекс во Лепоглава. Затворениците кои ги изведуваат овие работи, сместени се во полуотворен објект во Чрет, на Битошевље и во шумата на Иванчица.

 

„Дури 90% од работно способните затвореници се работно ангажирани, бидејќи ова е главен фактор за нивна ресоцијализација. За својата работа, тие примаат надомест според Законот за извршување, а осумдесетина затвореници, годишно се школуваат за земјоделски звања на пример за одгледување лозови насади, овоштарство, градинарство, одгледувачи на свињи, пчелари, односно за помошници кувари и келнери, за што стекнуваат уверение за способности, кои им овозможуваат, после издржувањето на казната да добијат соодветно вработување“, нагласува Иван Друшко, раководител на Одделот за работа и стручна подготовка на затворениците.

 

Значајно вложување во производството на врвни вина

 

Во лепоглавскиот затвор, посебно се горди на своето производство на одлични вина со заштитено географско потекло, за што добиле низа признанија на повеќе саеми и изложби на вина. Затворот, во последните десет години, вложил доста средства точно во унапредувањето на производството на вино, за што добиле и средства од фондовите на Европската унија.

„Само во последните четири години, вложивме во нов систем за ладење, купивме нови мелници, преси, пумпи, садови, ја уредивме визбата на зградата во Чрет, која е стар повеќе од стотина години. За жал, златната жолтица на виновата лоза не ги поштеди ниту нашите лозја, така што бевме принудени да ги отстраниме заразените лози. За обнова на тоа лозје, се пријавивме на подмерката 5.2 Поддршка за вложување и обнова на земјоделско земјиштеи производен потенцијал нарушен од елементарни непогоди, неповолни климатски услови и катастрофи, односно операција тип 5.2.1 од Програмата за рурален развој на Република Хрватска. Проектот е одобрен, зад нас е и фазата на проверка, така што сега очекуваме исплата на 48 илјади куни за обновата на овој заразен насад, која ја планираме за пролетта 2020 година“, истакнал Стјепан Бишкуп, водач на земјоделското производство во лепоглавскиот затвор.

Затворот во Лепоглава, добил средства за реструктурирање на лозјето од Vinske omotnice, а проектите ги пријавил и на други мерки од Програмата за рурален развој, односно на операција тип 4.1.2 и 4.1.1, но иако поминале на натпреварот, средствата сепак не им се доделени.

 

„Поминавме на натпреварот, но сепак парите не ги добиваме, затоа што се обезбедени премалку средства. Бидејќи, не можеме да чекаме за нови вложувања, принудени сме за нови вложувања да обезбедиме сопствени средства. Сега планираме набавка на нов трактор за лозје, како и понатамошни вложувања во земјоделска механизација и унапредување на нашето земјоделско производство“, најави Дражен Посавец, управител на Затворот во Лепоглава.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close